Известување за појава на спонгиоформна енцефалопатија кај говедата (Сег) во Романија

Агенцијата за храна и ветеринарство ја разбира загриженоста на јавноста која доаѓа од информацијата за појава на болеста Спонгиоформна енцефалопатија кај говедата (СЕГ) во Романија, или популарно наречена Болест на луди крави. Од официјалните податоци на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), појавата на болеста е потврдена на 20.06.2014 година. Болеста е утврдена при редовна контрола во кланица, што само по себе укажува дека системот за контрола на оваа болест воспоставен во Република Романија е ефикасен и дава резултати. Позитивното животно е издвоено од синџирот на исхрана и…

повеќе...