Светиот маченик Севастијан и другите со него Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во…
повеќе...Tag: христијанство
Светата царица Теофанија
Светата царица Теофанија Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и Ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот…
повеќе...Светиот свештеномаченик Елевтериј
Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Елевтериј. Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ.…
повеќе...Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски
Денес е празник посветен на Светиот Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски. Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен с ѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата…
повеќе...Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски
Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски Најпрво беше епископ Кападокиски. Но во времето на Северовото гонење во 203 година го фрлија во затвор и го прогонија. По ова го прими ерусалимскиот престол. Ја основа прочуената ерусалимска библиотека, со којашто Евсевиј се служеше при пишувањето на својата Историја на Црквата. Во времето на Декиј беше мачен на разни начини и фрлен пред ѕверови. Остана жив и нечепнат од ѕверовите, па го фрлија во затвор, каде што во 251 година го заврши овоземниот живот и се престави кај Господ.
повеќе...Преподобен Данило Столпник и Преподобен Лука Столпник
Преподобен Данило Столпник Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија од христијански родители, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети Св. Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Данило го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата…
повеќе...Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот
Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот Ќерка на албанскиот кнез Ѓорѓи Скендербег и жена на српскиот деспот Стефан. Заедно со нејзиниот маж претрпе прогонство и секаква горчина делејќи со него во Албанија, Италија и Србија. Своите синови, Максим и Јован, ги воспита во вистински христијански дух. По смртта на нејзиниот маж се замонаши и сосема се посвети на молитвата, на милосрдието и на изградба и поправка на црковни храмови. Народот и сега ја нарекува мајка Ангелина, што произлегува од нејзиното совршенство како сопруга, мајка и христијанка. Нејзините чудотворни мошти почиваат…
повеќе...Зачнувањето на Света Ана
Зачнувањето на Света Ана Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември).
повеќе...Свети Сава Осветен и Преподобен Нектариј Битолски
Денеска е Свети Сава Осветен и Преподобен Нектариј Битолски. Свети Сава Осветен Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека…
повеќе...Светиот свештеномаченик Теодор, архиепископ Александриски
Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Теодор, архиепископ Александриски. После двегодишно патријархување, беше мачен и исмеван од незнабожците. Му ставија трнов венец на главата и најпосле го убија заради верата, во 606 година.
повеќе...