Кривична пријава за лица од кичевско Извор поради незаконит лов

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит лов“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.С. (36) од кичевското село Извор и С.К.( 32) од Кичево.

При контрола извршена на 10-ти февруари годинава, во 23 часот и 30 минути, двајцата пријавени се затекнати во лов на дивеч во ловиштето „Турла“ во кичевското село Прострање. Притоа, кај нив пронајдени се и одземени една ловна пушка марка „ЗЦ“ калибар 16 милиметри без дозвола за поседување, два патрона калибар 16 милиметри и една батериска ламба.