Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

Денес е празник посветен на Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета. Таткото на Свети Јован Предвесник. Син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод, детеубиецот, еден ден Захарија служеше според својата чреда во ерусалимскиот храм. И во олтарот му се јави ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лука 1). И му објави ангелот…

повеќе...

Светите Седумдесетмина маченици и Светите маченици Јувентин и Максимин

Светите Седумдесетмина маченици На чело со Урван, Теодор и Медимнон беа избрани од цариградските христијани во времето на Валентовото гонење на православните, како најблагочестиви и најугледни граѓани на престолнината да појдат во Никомидија за да го молат царот еретик (аријанец) барем животите на православните христијани да им ги поштеди. Царот се разјари и им рече да се вратат, а тајно им нареди на корабџиите кога ќе испловат со коработ на море да го запалат, а самите да се спасат скришно и да се вратат во чамец. Злите слуги на злобниот…

повеќе...

Преподобен Атанасиј

Преподобен Атанасиј Се подвизуваше во Вилна и подоцна беше игумен на манастирот во Брест. Заради својата непоколебливост во Православието, беше убиен од католиците на 5 септември, 1648 година. Моштите му чудодејствуваат во Брест.

повеќе...

Светиот пророк Мојсеј Боговидец

Светиот пророк Мојсеј Боговидец Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот; четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот; а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4 Мојсеева 20, 12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на Свети Василиј Велики,…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Вавила

Светиот свештеномаченик Вавила Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан заклучил мир со некој варварски цар којшто бил многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе…

повеќе...

Светата маченичка Василиса

Светата маченичка Василиса Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година.

повеќе...

Свети Елеазар

Свети Елеазар Син на Арон, втор по ред Израелски првосвештеник. Помошник на Мојсеј при пребројувањето на Израилскиот народ и помошник на Исус Навин при поделбата на земјата ветена на дванаесетте колена. Верно го чуваше ковчегот на заветот во Силом. Се упокои мирно.

повеќе...

Свети Јован Постник, патријарх Цариградски

Свети Јован Постник, патријарх Цариградски Се празнува и на 30-ти август. Најпрво беше златар, па по Божја Промисла, а заради својата голема добродетелност беше посветен за свештеник. Како млад Свети Јован еднаш одеше со некој стар монах, Евсевиј, од Палестина. Одеднаш му дојде глас на Евсевиј од некого невидлив: „Авво, не оди од десната страна на великиот Јован!“ Вака гласот Божји ја навестуваше велката служба на којашто Јован наскоро требаше да биде повикан. После блажениот Евтихиј, Јован беше избран за патријарх Цариградски. Никако не сакаше да прими, но беше застрашен…

повеќе...

Преподобен Симеон Столпник – Почеток на црковната година

Преподобен Симеон Столпник Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ѝ рече:…

повеќе...

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па…

повеќе...