Комплетирано 19-то коло од Првата МФЛ

Со двата денешни натпревари помеѓу Шкендија и Пелистер како и Силекс против Тетекс, се комплетира и 19-то коло од Првата Македонска Фудбалска Лига. Претходно во саботата играа Работнички-Турново, додека пак вчера играа Ренова-Брегалница и Вардар-Металург. Постигнати беа следните резултати:

Работнички  2:0  Турново

Ренова  2:1  Брегалница

Вардар  2:1  Металург

Шкендија  2:0  Пелистер

Силекс  3:1  Тетекс

На табелата и понатаму лидер е Вардар со 44 бодови, 3 пред Работнички кој има 41 бод.

Наредното коло се игра во недела (15 март).

WebOhrid