Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на 15-от ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, како и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи…
повеќе...Tag: христијанство
Преподобната царица Ирина
Преподобната царица Ирина Монашкото име ѝ е Ксенија. Жена на царот Кало-Јован (1118 г. – 1143 г.). Освен по нејзините монашки подвизи и многубројни добри дела, прочуена е и како основоположничка на манастирот Пантократор во Цариград, еден од најславните и најубавите цариградски манастири.
повеќе...Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански
Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански Живееше како прост ќумурџија во близина на градот Коман, близу Неокесарија. Кога умре команскиот епископ, го повикаа Св. Григориј Неокесариски Чудотворец (17 ноември) да претседава со соборот за избор на нов епископ. Во соборот имаше и клирици и мирјани. И избирачите никако не можеа да се согласат за иста личност. При оцената на кандидатите сите главно се задржуваа на нивната надворешност, на надворешното достоинство во однесувањето. Тогаш Свети Григориј рече дека не би требало толку да се гледа на надворешните одлики колку на духот и…
повеќе...Преподобните Василиј и Теодор Печерски
Преподобните Василиј и Теодор Печерски Обајцата свршија заради насилството на среброљубивиот кнез Истислав, во 1098 година. Житието на Свети Теодор е особено поучно за среброљубивите. Беше многу богат, но го раздаде богатството на сиромасите и се замонаши. Потоа се премисли и зажали за богатството и беше многу искушуван од злиот дух на среброљубието, од којшто го ослободи Свети Василиј.
повеќе...Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа
Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив…
повеќе...Свети Ирон и светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив
Свети Ирон Христијански философ. Го спомнува Св. Григориј Богослов во своите книги. Мирно се упокои и се пресели кај Господ. Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив Кога загина папата Стефан (2 август), на негово место беше поставен Свети Сикст, којшто беше роден како атињанин, најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде предаден на смрт. Царот Декиј беше решен да го уништи христијанството и папата…
повеќе...Светиот апостол Матиј и Светиот маченик Антониј
Светиот апостол Матиј Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на Свети Симеон Богопримец во Ерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј беше прибројан кон Седумдесеттемина помали Христови ученици, но по воскресението на Господ, бидејќи местото на Јуда којшто Го предаде беше испразнето, апостолите со жрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина…
повеќе...Светите маченици Тријандафил и Анастасиј
Денес е празник посветен на Светите маченици Тријандафил и Анастасиј. Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но, љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година.
повеќе...Преображение на Господ Исус Христос на Тавор
Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19-ти август, односно 6-ти август. На овој ден се прославува преображението на Христос на Тавор, кога Господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да…
повеќе...Светиот маченик Козма Рамноапостолен
Светиот маченик Козма Рамноапостолен Родум од Етолија, од селото Мегадендрон (Големо дрво). Како момче отиде на Света Гора и во манастирот Филотеј беше потстрижен за монах. Но гонет од постојана желба да му го проповеда Евангелието на народот, тој отиде во Цариград и испроси благослов од патријархот Серафим II. Ги обиколи сите придунавски краеви проповедајќи го Евангелието, но најмногу се задржа во Албанија, каде што пострада од некој Курт паша, когошто Евреите го раздразнија против Козма. Свети Козма беше удавен од Турците, па потоа фрлен во река, во 1779 година.…
повеќе...