Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи. Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Вар¬нава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите…
повеќе...Tag: христијанство
Светите маченици Александар и Антонина
Денес е празник посветен на Светите маченици Александар и Антонина. Обајцата беа од Александрија: Антонина чесна девица, а Александар царски војник. Обајцата христијани. Прва беше изведена на суд и на мачење Антонина. Па кога ја фрлија во затвор, на заповед од ангел Господов Александар отиде во затворот (иако дотогаш не ја познаваше Антонина), ја загрна со војничкиот плашт и ѝ рече да ја наведне главата и да помине покрај стражите пред вратите. Така девицата побегна, а тој остана во затворот. Тогаш го изведоа Александар пред судот и почнаа да го…
повеќе...Свети Кирил, архиепископ Александриски
Денес е празник посветен на Свети Кирил, архиепископ Александриски. По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев…
повеќе...Слегување на Духот Свети – Духовден (Трет ден)
Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот…
повеќе...Отслужена света архиерејска литургија за Духовден (втор ден)
Денес, на празникот на Светиот Дух – Втор ден Духовден, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
повеќе...Слегување на Св. Дух – Духовден (Втор ден)
Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи. На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата. На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот…
повеќе...Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски
Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски. Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. За ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време…
повеќе...Верниците масовно се упатуваат кон манастирот Св.Еразмо Охридски
По повод празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски вечерва во манастирот Св.Еразмо Охрид се служеше празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и утре, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Овој манастир посветен на антиохискиот архиепископ Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон…
повеќе...Вознесение Христово – Спасовден
Славниот и светол ден на Вознесението Христово, скоро во целиот православен свет е наречен Спасовден (празник на спасителот). Денот никогаш не го менува, секогаш се празнува во четврток, точно на четириесеттиот ден од Воскресението на Господ Исус Христос. Тоа е стар празник, востановен уште од времето на апостолите. Во првите векови на христијанството се празнувал заедно со празникот Светата Педесеттница, а од четвртиот век започнал да се празнува посебно. Спасителот на светот, Господ Исус Христос, секогаш со зборови и дела ги поткрепувал Неговите ученици во ширењето на вистината за Неговата…
повеќе...Вториот Вселенски Собор
Вториот Вселенски Собор Во времето на царот Теодосиј Велики овој Собор беше свикан, во 381 година, во Цариград, за да го утврди православното учење за Светиот Дух, за Којшто криво учеше тогашниот цариградски патријарх Македониј. Имено, овој духоборен патријарх учеше дека Светиот Дух е Божја твар, а не Божествена ипостас рамна на ипостасите на Отецот и Синот и со нив еднобитна. Македониј беше осуден од Соборот, а Никејскиот Симбол на Верата дополнет со учењето за Светиот Дух.
повеќе...