Денес е празник посветен на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Едни од оние коишто се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни. Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот…
повеќе...Tag: мпц
Лазар Четиридневниот
Лазар Четиридневниот Главното празнување му е на 17 март и на Лазарова Сабота во Чесниот Пост. Под денешниот датум се празнува преносот на неговите мошти од островот Кипар во Цариград. Царот Лав Мудриот изгради храм на Св. Лазар во Цариград и неговите мошти ги пренесоа таму во 890 година. Кога после близу илјада години го откопаа Лазаровиот горб во градот Китија на Кипар, најдоа мермерна плоча со натпис: „Лазар Четиридневниот, пријател Христов.“
повеќе...Преподобниот маченик Андреј
Денес е празник посветен на Преподобниот маченик Андреј. Христијански свештеник роден на Крит. Во времето на гонењето на иконите се покажа како голем поборник на иконопочитувањето. За да го изобличи злочестивиот цар Копроним за неговото иконоборство, Св. Андреј отиде во Цариград. Еден ден царот беше во црквата на Св. маченик Мамант. Андреј влезе во црквата, застана пред царот и јавно пред сите го укори: „Подобро ќе беше цару да си ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот одошто да Го гониш Христа и Неговите слуги.“ За ова Св.…
повеќе...Светиот маченик Лонгин
Светиот маченик Лонгин Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и с ѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги…
повеќе...Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици
Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици Bо времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина. Но општото зло што ги снашло христијaнските земји на Балканот во втората половина на XIV век, не го одминало ни овој, не малку значаен град. Имено, откако османлиските војски без…
повеќе...Преподобна Параскева – Петковден
Денес се слави празникот посветен на Преподобна Параскева- Петковден. Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања…
повеќе...Свети Мартин епископ Турски и Светите маченици Тарах, Пров и Андроник
Свети Мартин епископ Турски Роден во Панонија, во еден град на Штаерска, во 316 година, од родители незнабожци. Татко му беше римски офицер и со ова и младиот Мартин, наспроти неговата волја, беше даден на војничка служба. Но тој веќе беше огласен во Христовата Црква, којашто ја љубеше со сето срце уште од раното детство. Една зима патувајќи со другарите кон градот Амиен, виде пред капијата на градот еден просјак како речиси трепери од студ. Мартин се сожали, заостана од другарите, ја симна од себе војничката наметка, ја пресече со…
повеќе...Преподобен Козма Мајумски
Преподобен Козма Мајумски Родум од Ерусалим. Другар на Св. Јован Дамаскин, чиишто родители го зедоа Козма како сираче и го одгледаа и воспитаа. Како монах му помагаше на Св. Јован во составувањето на Октоихот. И самиот ги воспеа светителите со многубројни канони. Со особена убавина и длабочина се одликуваат неговите канони на Лазарова Сабота, на Цветници, на Страсната Седмица. Беше епископ во градот Мајум, близу Газа Палестинска. Го надживеа Св. Јован Дамаскин и се упокои во длабока старост.
повеќе...Спомен на Седмиот Вселенски Собор
Спомен на Седмиот Вселенски Собор Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата…
повеќе...Светиот апостол Филип и Св. Нектариј патријарх Цариградски
Светиот апостол Филип Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни…
повеќе...