Преподобен Теофил Струмички

Денес е празник посветен на Преподобен Теофил Струмички. По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин и во таа прилика ќе загинеше, ако не успееше да го убеди кнезот Ипатик, својот судија, во основаноста на иконопочитувањето. Кнезот го пушти на слобода и тој се врати во својот манастир, каде што се упокои мирно, во 716 година и се пресели во радоста на својот Господ.

повеќе...

Светиот апостол Јаков и Свети Димитриј, патријарх Александриски

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово,…

повеќе...

Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија

Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија Антиохиски граѓани од времето на Теодосиј Велики. Андроник беше златар по занает. И тој и жена му беа многу благочестиви и непрестајно се трудеа да одат по патот Господов. Од својата заработка една третина им даваа на сиромашните, друга на Црквата, а со третата се издржуваа. Откако им се родија две деца, се договорија да живеат како брат и сестра. Но по неиспитливата Божја Промисла децата им умреа во еден ден двете. И родителите беа во голема тага с ѐ додека Светиот маченик Јулијан…

повеќе...

Светиот апостол Тома

Денес е празник посветен на Светиот апостол Тома. Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој…

повеќе...

Светата маченичка Харитина

Светата маченичка Харитина Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и се заветува да го проживее векот во девственост, како вистинска Христова невеста. Но бидејќи Харитина и другите ги обраќаше во девственост, за неа чу намесникот на царот Диоклецијан, некој Дометијан. Тој испрати војници и ја зедоа од нејзиниот очув, та ја изведоа пред суд. Ја запраша судијата: „Вистина ли е, девојко, дека си христијанка и дека другите ги мамиш приведувајќи…

повеќе...

Преподобен Јован Хозевит

Преподобен Јован Хозевит Мисирец. Се подвизуваше во Хозевитската обител во времето на царот Јустинијан. Кога и да служеше литургија во олтарот гледаше небесна светлина. Во негова близина се подвизуваше старецот Ананија. Смирението на овие светители беше чудесно. Еден човек му го доведе на Ананија својот полуден син за да го исцели со молитва. Ананија го испрати кај Свети Јован како кај поголем од себеси. Јован пак, не можеше да не го послуша старецот, но возвикна: „Во името на Исус Христос ти заповеда Ананија а не јас, да излезеш од ова…

повеќе...

Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот…

повеќе...

Преподобен Јован Кукузел

Преподобен Јован Кукузел Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.

повеќе...

Свети Теофан Милостив

Свети Теофан Милостив Богат граѓанин од Газа. Беше толку милостив, што раздавајќи им го својот имот на ништите и самиот стана таков. Пред крајот на животот го нападна водена болест и во таа болест тој издивна. Но од неговото тело потече целебно миро, од коешто болните се исцелуваа.

повеќе...

Светиот маченик Вацлав, крал чешки

Светиот маченик Вацлав, крал чешки Внук на Света Људмила. Иако крал, се подвизуваше во верата слично на големите подвижници и го утврдуваше Православието кај својот народ. Строго внимаваше на суд да не пострада некој невин. Заради ревноста кон Христа и љубовта кон ближните Св. Вацлав купуваше незнабожечки деца од оние што беа продавани како робови и веднаш ги крштеваше и ги воспитуваше како христијани. Го преведе Евангелието по Јован на чешки јазик. Ги пренесе моштите на Свети Вит и на својата баба Света Људмила во Прага. Неговиот брат Болеслав го…

повеќе...