Светиот маченик Мирон, презвитер

Светиот маченик Мирон, презвитер бил свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри мачителот-судија в…

повеќе...

Неракотворната икона на Господ Исус Христос

Во она време кога Господ го проповедаше Евангелието и исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето, во градот Едеса на брегот на реката Еуфрат живееше кнезот Агар, сиот прокажан од лепра. Тој чу за Христос, исцелителот од сите болести и неволји, па испрати некој иконописец Ананија во Палестина со писмо за Христос, во коешто го молеше Господ да дојде во Едеса и да го исцели. Во случај Господ да не може да дојде, му нареди кнезот на Ананија да го иконописа Неговиот лик и да му го донесе, верувајќи дека…

повеќе...

Преподобен Јоаким Осоговски

Преподобен Јоаким Осоговски се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

повеќе...

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на 15-от ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, како и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански Живееше како прост ќумурџија во близина на градот Коман, близу Неокесарија. Кога умре команскиот епископ, го повикаа Св. Григориј Неокесариски Чудотворец (17 ноември) да претседава со соборот за избор на нов епископ. Во соборот имаше и клирици и мирјани. И избирачите никако не можеа да се согласат за иста личност. При оцената на кандидатите сите главно се задржуваа на нивната надворешност, на надворешното достоинство во однесувањето. Тогаш Свети Григориј рече дека не би требало толку да се гледа на надворешните одлики колку на духот и…

повеќе...

Свети маченици Аникита и Фотиј

Светите маченици Аникита и Фотиј Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги истизава и мачи, пред него застана Свети Аникита, којшто беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господ Исус Христос, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на коишто еден разумен човек е недостојно да им се поклонува. Разјарен царот нареди и му го отсекоа јазикот.…

повеќе...

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа  Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив…

повеќе...

Преподобните Василиј и Теодор Печерски

Преподобните Василиј и Теодор Печерски Обајцата свршија заради насилството на среброљубивиот кнез Истислав, во 1098 година. Житието на Свети Теодор е особено поучно за среброљубивите. Беше многу богат, но го раздаде богатството на сиромасите и се замонаши. Потоа се премисли и зажали за богатството и беше многу искушуван од злиот дух на среброљубието, од којшто го ослободи Свети Василиј.

повеќе...

Свети Ирон и светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив

Свети Ирон Христијански философ. Го спомнува Св. Григориј Богослов во своите книги. Мирно се упокои и се пресели кај Господ. Светите маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив Кога загина папата Стефан (2 август), на негово место беше поставен Свети Сикст, којшто беше роден како атињанин, најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде предаден на смрт. Царот Декиј беше решен да го уништи христијанството и папата…

повеќе...

Светиот апостол Матиј и Светиот маченик Антониј

Светиот апостол Матиј Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на Свети Симеон Богопримец во Ерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј беше прибројан кон Седумдесеттемина помали Христови ученици, но по воскресението на Господ, бидејќи местото на Јуда којшто Го предаде беше испразнето, апостолите со жрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина…

повеќе...