Премиерот Никола Груевски оцени дека зголемениот обем на откуп и продажба на земјоделски производи покажува оти вложувањето во земјоделството дава резултати. „Oткупот и продажбата на земјоделски производи во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 63,6 отсто, само кај индивидуалните производители зголемувањето е 143 отсто“, – истакна премиерот Груевски. Земјоделците, како што рече, инвестираат во поголемо и поквалитетно производство што, пак, им овозможува од остварениот профит да вложуваат во механизација, нови површини и сите други активности кои придонесуваат за зголемување на производството.
повеќе...Tag: овошје
Дел од земјоделските производи во септември поскапи, а дел поевтини
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај гравот, кромидот, краставиците и портокалите. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот, зелката и карфиолот. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај оризот, кромидот, краставиците и бананите. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, модрите патлиџани, зелката и лубениците.
повеќе...Зголемена цената на компирите, а намалена кај доматите
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во јули 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и тиквичките. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, дињите, црешите и вишните. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во јули 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и тиквичките. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, зелката, лубениците и дињите.
повеќе...Исплатeни 338 милиони денари субвенции за земјоделците
Министерството за финансии денеска исплати 338 милиони денари на 9.055 земјоделци за повеќе мерки. Како што се наведува во соопштението, за продадени градинарски култури во преработувачките капацитети исплатени се 44,2 милиони денари на 1.541 земјоделец. За градинарско производство исплатени се 26,9 милиони денари на 1.347 лица. За контролирани услови на домати и пиперки исплатени се 9,4 милиони денари на 68 земјодлеци. За житни култури со семенски материјал исплатени се 41,5 милиони денари на 615 земјодлеци. За оризова арпа исплатени се 11,2 милиони денари на 643 земјоделци, додека за мерката одгледување…
повеќе...Во Битола ќе се гради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производи
Создадени се сите предуслови за изградба на нов откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Битола. Со овој проект, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, уште еднаш се потврдува добрата соработка меѓу Владата и локалната самоуправа. „Целокупното земјоделско производство од Пелагонија ќе се откупува токму на оваа локација“, истакна Димовски кој присуствуваше на промотивниот настан. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, голем е интересот за инвестирање во вакви проекти поради што во функција се става државното градежно земјиште. Комитетот за градежна експанзија овозможи да се…
повеќе...