Дечињата и вработените од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид во изминативе десетина дена реализираа собирна акција на облека и обувки и денес ги предадоа на „Црвен Крст“ од Охрид, со надеж дека ќе израдуваат другарчиња на кои облеката навистина им е потребна. Хуманоста е вредност која се гради од најмали нозе. Затоа ЈОУДГ „Jасна Ристеска“ – Охрид со вакви акции се обидува да ги воспита дечињата на вистинските човекови вредности. Во соработка со родителите на дечињата и Црвен Крст ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период.
повеќе...