Во црквата „Св.Никола – Долна влашка маала – Охрид, на 25 ти мај (четврток) ќе се одржи утрена богослужба со света божествена литургија, по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден. Литругијата ќе биде со почеток во 7:30 часот. WebOhrid
повеќе...Tag: празник
Светиот апостол и евангелист Јован и Света Емилија
Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од…
повеќе...Преподобен Арсениј Велики
Овој славен светител е родум од една патрициска фамилија во Рим и добро школуван како во светските науки и во философијата така и во духовната мудрост. Кога ја остави сета светска мудрост, се предаде на служба на Црквата и стана ѓакон во големата црква во Рим. Неоженет, повлечен, молчалив, Арсениј мислеше така да го проживее сиот свој живот. Но Промислата Божја го управи неговиот живот поинаку. Царот Теодосиј го зеде за воспитувач и учител на своите синови Аркадиј и Хонориј и го постави за сенатор, опкружувајќи го со големо богатство,…
повеќе...Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим
Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак…
повеќе...Предавање во градската библиотека во чест на празникот на Сесловенските просветители
НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид, во чест на празникот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, организираат предавање на тема „Староруска азбука како молитва“. Настанот ќе се одржи на 23 мај (вторник) во просториите на Библиотеката а истиот ќе започне во 12 часот.
повеќе...Светиот маченик Варвар
Светиот маченик Варвар беше војник во времето на Јулијан Отстапник. Кога царскиот војвода Вакх ја поведе римската војска против Франците, во таа војска беше и Варвар, потаен христијанин. На боиштето се појави некој си јунак од страна на Франците, сличен на Голијат и ги предизвикуваше Римјаните за да му излезе некој на мегдан. Војводата Вакх го посоветува Варвар тој да излезе. Варвар Му се помоли во своето срце на живиот Бог, излезе и го победи оној џин. Од тоа војската на Франците се збуни и побегна. Тогаш војводата направи голема…
повеќе...Празникот посветен на Светата Великомаченичка Ирина одбележан кај Свиништа
Празникот посветен на Светата Великомаченичка Ирина традиционално денес се одбележа во црквата посветена на оваа Великомаченичка која се наоѓа на патот кај селото Свиништа. Климески Трене од Лескоец, Охрид, кој потекнува од Опеница, а долги години живеел во Битола е човекот кого на сон му се јавило да изгради црква токму на ова свето место. „На сон ми се покажа овде кај овие три јавори да направиме манастирче. Направивме исто како што ми се кажа на сонот, и манастирчето и скалите, а и таблата на која пишува Света великомаченичка Ирина на 50 метри.“ – раскажува…
повеќе...Светата великомаченичка Ирина и Светите Мартин и Ираклиј
Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше малечок цар. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабожка од родители незнабожци, Пенелопа (така ѝ беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Св. Тимотеј, учителот на апостол Павле, ја крсти заедно со уште неколку дворјанки и ѝ ги донесе да ги прочита Посланијата на Светиот апостол Павле. Кога се одрече од мажачка го разгневи татко ѝ и тој сакаше да ја…
повеќе...Светите маченици Тимотеј и Мавра
Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиавидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној пак му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј одговори: „И ти не ги гледаш Божјите ангели што ме крепат“. Тогаш намесникот нареди и ушите му ги прободија…
повеќе...Празникот Св.Атанасиј Велики одбележан и во Рамне
Денес се слави празникот посветен на Св. Атанасиј Велики или Танасовден (летен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики многу верници од Охрид и пошироко присуствуваа на светата литургија, како и палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа. За многу години! WebOhrid/А.Андриоски
повеќе...