Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па…
повеќе...Tag: празник
Собор на сите српски просветители и учители
Овој ден не се споменуваат сите српски светители воопшто, туку само неклолкумина архиепископи и патријарси, и тоа, Свети Сава, првиот српски архиепископ, наречен рамноапостолен; Арсениј, наследник на Свети Сава, голем архиереј и чудотворец; Сава II, син на првовенчаниот крал Стефан, живееше во Ерусалим подолго време, наречен сличен на Мојсеј во кротоста (Србљак); Никодим, се подвизуваше на Света Гора и беше игумен на манастирот Хилендар, потоа архиепиоскоп на сите српски и поморски земји; Јоаникиј, најпрво архиепископ, а од 1346 година патријарх; Ефрем, подвижник, наспроти сопствената волја избран за патријарх во времето…
повеќе...Отсекување на главата на Св.Јован Крстител
Денес е Отсекување на главата на Св.Јован Крстител. Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто сѐ уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод…
повеќе...Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки
Денес е празник посветен на Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки. Момче од Радовиш, од Струмичката епархија во Македонија. Учеше занает во Солун. Турците го присилуваа да се потурчи, а тој одлучно ги одби. За ова беше мачен и најпосле го обесија на 29 август, 1794 година.
повеќе...Преподобен Пимен Велики
Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да н ѐ…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод празникот 8 Септември – Денот на Независноста на Република Македонија
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка го граѓаните, по повод празникот 8 Септември – Денот на Независноста на Република Македонија. „Почитувани, Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8 ми Септември 1991 година, датум кој покрај двата историски Илиндена засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест. Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед на предизвиците кои доаѓаат. На нас останува обврската да ја направиме Македонија политички и економски силна, развиена и стабилна држава а нашиот град Охрид успешен и пријатно место…
повеќе...Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија
Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во…
повеќе...Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј
На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.…
повеќе...Свети Мина, патријарх Цариградски
Свети Мина, патријарх Цариградски Мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на Св. Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.
повеќе...Светиот свештеномаченик Евтихиј и Свети Георгиј Лимниот (Езерски)
Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник ангел. Во затворот примаше небесен леб од ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, но најпосле…
повеќе...