На 8-ми септември ќе се одржи 31-от Меѓународен меморијален атлетски маратон „Влатко Димитров“

Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и покрај најавата од минатата година дека ќе ја прекине 30-годишната традиција реши и оваа година да продолжи со традицијата Меѓународен Атлетски Маратон Св.наум-Охрид во должина од 30км. Имено, на иницијатива на Председателот на АФМ Крсте Среафимоски како и неколку маратонци кој патем помогнаа со спонзори за да се обезбеди еден дел од потребните средства за организација на оваа традиционална трка, на состанокот одржан на 31.07.2017 година Организациониот одбор одлучи Меѓународниот Атлетски Маратон да го носи името на покојниот проф. Влатко Димитров…

повеќе...

Свети Виктор и Светиот маченик Луп

Свети Виктор Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст. Светиот маченик Луп Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот…

повеќе...

Светиот пророк Самуил

Денес е празник посветен на Светиот пророк Самуил. Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на…

повеќе...

Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Муслиманите имаат два празника: Фитр Бајрам (Рамазан Бајрам или Еид Ал Фитр) и Курбан Бајрам (еид ал адха). Празниците во исламската религија немаат само свечена димензија, туку суштината на празникот и неговата филозофија е многу поголема. Исламските празници следуваат откако ќе се заврши одредена задача или обврска. Фитр бајрам (еид ал фитр) следува по завршувањето на месецот Рамазан, односно на крајот на една важна задача во овој месец: обврската за постење, еден од столбовите на исламот. Додека, Курбан Бајрам се прославува во текот на извршувањето на петтата исламска должност Хаџ.…

повеќе...

Велосипедска тура „Западна Магистрала“ по повод 8 Септември

Сојузот на спортови на Скопје, по повод денот на осамостојување на Република Македонија – 8 Септември, ја организира традиционалната велосипедска тура „Западна магистрала”, на 02.09./Сабота/ 2017г. Настанот ќе се одржи на релација Маврово, Стража, Кичево, Демир Хисар, Битола во должина од 120 км. Саатница на движењето: Почеток од Маврово во 7:30 часот, Стража-официјален СТАРТ во 8:00 часот, Кичево во 9:00, Демир Хисар во 10:30, а пристигнувањето во Битола ќе биде околу 13:00 часот во центарот пред хотел Епинал. Учесниците на настанот, традиционално од 2012 година се: велосипедскиот ветеран Ѓорѓи Кузмановски…

повеќе...

Преподобен Јоаким Осоговски

Преподобен Јоаким Осоговски се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

повеќе...

Неракотворната икона на Господ Исус Христос

Во она време кога Господ го проповедаше Евангелието и исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето, во градот Едеса на брегот на реката Еуфрат живееше кнезот Агар, сиот прокажан од лепра. Тој чу за Христос, исцелителот од сите болести и неволји, па испрати некој иконописец Ананија во Палестина со писмо за Христос, во коешто го молеше Господ да дојде во Едеса и да го исцели. Во случај Господ да не може да дојде, му нареди кнезот на Ананија да го иконописа Неговиот лик и да му го донесе, верувајќи дека…

повеќе...

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на 15-от ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, како и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи…

повеќе...

Преподобната царица Ирина

Преподобната царица Ирина Монашкото име ѝ е Ксенија. Жена на царот Кало-Јован (1118 г. – 1143 г.). Освен по нејзините монашки подвизи и многубројни добри дела, прочуена е и како основоположничка на манастирот Пантократор во Цариград, еден од најславните и најубавите цариградски манастири.

повеќе...

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив…

повеќе...