Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315 г. – 386 г.). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 г. го наследи на престолот блажениот ерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господ. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син…
повеќе...Tag: религија
Свети Алексиј човек Божји и Светиот маченик Марин
Свети Алексиј човек Божји Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. И тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, овој Алексиј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но ноќта по свадбата тој не само што ги остави…
повеќе...Светиот маченик Савин и Светиот апостол Аристовул
Светиот маченик Савин Мисирец од градот Хермопол и хермополски старешина. За време на едно гонење на христијаните се оддалечи во една планина заедно со многумина христијани и се затвори во една колиба во која времето го минуваше во пост и молитва. Но просјакот којшто му носеше храна, а на кого Савин му имаше направено многу добрини, за два златника го поткажа. Беа фатени Савин и уште шестмина. Војниците ги врзаа и ги потераа на суд. После големи маки го фрлија во реката Нил и таму Му го предаде својот дух…
повеќе...Светиот маченик Александар
Светиот маченик Александар Од градот Сида Памфилиска. Намесникот на царот Аврелијан го запраша кој и што е тој. На ова Александар му одговори дека е пастир на Христовото стадо. „А каде е тоа стадо?“, беше следното прашање. Александар одговори: „Низ целиот свет живеат луѓето коишто Христос ги создаде; од нив оние што веруваат во Него се Неговите овци, а тие што се отпадници од Создателот и им робуваат на созданијата и на делата на рацете човечки, на мртвите идоли, како што правите вие, тие се отуѓени од Неговото стадо и…
повеќе...Преподобен Бенедикт
Преподобен Бенедикт Роден е во Нурсиската област во Италија во 480 година од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излезе како „ ненаучен мудрец и разумен незнајко“. Побегна во еден манастир, каде прими монашки чин од монахот Роман и се повлече во една недостапна гора, па остана во една пештера трудејќи се околу својата душа повеќе од три години. Роман носеше леб и го спушташе со јаже од…
повеќе...Светата маченичка Христина Персијанка и Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх Цариградски
Светата маченичка Христина Персијанка Беше луто мачена во Персија во 6 век заради нејзиното непоколебливо исповедање на верата во Христа.Мачителите толку ја камшикуваа што изнемоште и умре. Нејзината душа влезе во Царството на Господ Христос. Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх Цариградски Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го изобличи. За ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот…
повеќе...Преподобен Симеон Нов Богослов и Преподобен Теофан Исповедник
Преподобен Симеон Нов Богослов Овој богоносен и голем отец на Црквата беше роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вбројан меѓу дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфиророден. Остави с ѐ заради Христа и се повлече во манастир. Се подвизуваше под раководство на старецот Симеон, потоа беше игумен на манастирот на Св. Мамант и најпосле живееше како пустиник. Најголем богослов после Св. Григориј Богослов. Ја чувствуваше благодатта во своето срце. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокои во 1032 година. Моштите му се чудотворни. Преподобен Теофан…
повеќе...Преподобната мајка Анастасија
Денес е празник посветен на Преподобната мајка Анастасија. Патриција и дама на дворецот на царот Јустинијан. Кога остана вдовица и виде дека царицата Теодора не ја поднесува, таа ненадејно се изгуби од Цариград и се најде во Мисирската пустина. Прочуениот духовник авва Данило ја потстрижа во ангелски образ и ја објави како монах Анастасиј евнух. Ова беше според нејзината желба, за полесно како жена да се спаси под машки лик, а и за да се сокрие од царевото трагање по неа. Потоа се затвори во тесна келија и во неа…
повеќе...Светите четириесет маченици во Севастија – Младенци
Светите славни и праведни четириесет маченици во Севастија се група на римски војници кои пострадаа за Бога во 320 години. Нивните имиња се: Кирион, Кандид, Домн, Исихиј, Ираклиј, Смарагд, Евноик, Валент, Вивијан, Клаудиј, Приск, Теодул, Ефтихиј, Јован, Ксантиј, Илијан, Сисиниј, Агиј, Аециј, Флавиј, Акакиј, Екдит, Лисимах, Александар, Илија, Горгониј, Теофил, Дометијан, Гај, Леонтиј, Атанасиј, Кирил, Сакердон, Николај, Валериј, Филоктимон, Северијан, Худион, Мелитон и Аглај. Зикиниј – зет на Константин Велики, император на источната Римска империја, издал наредба за прогонување на христијаните. Тогаш во Ерменија, во градот Севастија, во римската војска…
повеќе...Свети Теофилакт, епископ Никомидиски и Светиот свештеномаченик Теодорит
Свети Теофилакт, епископ Никомидиски Кога првиот царски советник Тарасиј од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на Св. Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој…
повеќе...