ВМРО-НП Охрид со честитка по повод Националниот ден на Власите

ВМРО – Народна партија на сите граѓаните од влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.

„23 – ти мај е денот кога Власите се признаени за посебен народ од тогашната Отоманска империја од страна на султан Хамид II.

Досегашното заемно почитување, негување на традицијата и разбирање се само еден мал дел од патот кој ќе го продолжиме сите заедно во градењето на современата македонска држава. Вашиот придонес е голем во она што го имаме денес. Ви ги пренесуваме желбите за добро здравје, среќа и успех.“– стои во честитката.