Свети Димитриј, патријарх Александриски

Свети Димитриј, патријарх Александриски Единаесетти александриски патријарх после Светиот евангелист Марко. Долго и мудро управуваше со своето стадо, и тоа од 189 г. до 231 г. Во негово време на барање на Индијците за проповед на Евангелието во Индија беше пратен Св. Пантен, раководителот на прочуената катихетска школа во Александрија. Пантен во Индија го пронајде Евангелието напишано од Свети Матеј на еврејски јазик.

повеќе...

Осветување на црквата Лазарево Воскресение градски гробишта – Охрид

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 21. октомври 2017 година (сабота), ќе се осветува црквата „Воскресение Лазарево“ на градски гробишта – Охрид, со почеток во 08:30 часот. По осветувањето ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги поканува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој свет чин.

повеќе...

Светиот апостол Тома

Денес е празник посветен на Светиот апостол Тома. Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој…

повеќе...

Преподобен Јован Кукузел

Преподобен Јован Кукузел Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.

повеќе...

Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот…

повеќе...

Ќе се служи света литургија за празникот Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14. октомври (сабота), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св .Јован Кукузел“.  Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Денес е празник посветен на Светиот Јован Богослов, апостолот и евангелист. Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован…

повеќе...

Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Зачнувањето на Св. Јован Крстител Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и…

повеќе...

Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но…

повеќе...

Светата маченичка Људмила

Светата маченичка Људмила Таа му е баба на Св. Вацлав, кралот чешки. Беше мажена за чешкиот кнез Боривој. Многу ревнуваше за Христовата вера и мнозина ги обрати од незнабоштво во христијанство. Снаа ѝ ја мразеше, па испрати луѓе што ја удавија старицата Људмила. Вацлав го погреба телото на Св. Људмила во црквата на Св. Георгиј во Прага. Од нејзините мошти се случија многу чуда. Пострада во Течино во 927 година. Св. Вацлав, големиот ревнител за православната вера, беше убиен од својот брат Болеслав.

повеќе...