Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Харалампиј. Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го обновивте духот за…
повеќе...Tag: религија
Светиот маченик Никифор
Светиот маченик Никифор Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се изметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости…
повеќе...Светиот свештеномаченик Петар Дамаскин
Светиот свештеномаченик Петар Дамаскин За овој светител едни мислат дека живеел во 8 век, други во 12 век. Оваа разлика во мислењата секако доаѓа оттаму што постоеја двајца светители со името Петар Дамаскин. Овој за кого овде станува збор беше голем подвижник. Несебичен до крајност, самиот немаше ниедна книга, но ги позајмуваше и ги читаше. А читаше неуморно собирајќи мудрост. Едно време беше епископ во Дамаск, но бидејќи зборуваше против мухамеданството и манихејската ерес, Арапите му го пресекоа јазикот и го испратија во прогонство длабоко во Арабија. Но Бог повторно…
повеќе...Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана
Денес е празник посветен на Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана. Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на…
повеќе...Сретение Господово
На празникот Сретение Господово Црквата го слави споменот на значајниот настан во земниот живот на нашиот Господ Исус Христос (Лука 2, 22-40). Во 40-от ден по раѓањето, Богомладенецот беше принесен во Ерусалимскиот храм – центар на верскиот живот на богоизбраниот народ. Според законот Мојсеев (3. Мој. 12), на жената што ќе роди машко дете, во текот на 40 дена ѝ било забрането да влегува во храмот Божји. По истекот на тоа време, мајката доаѓала во храмот со младенецот за да Му принесе на Господа благодарствена и очистителна жртва. Пресвета Дева,…
повеќе...Света архиерејска литургија по повод празникот Сретение на Господ Исус Христос
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 15-ти февруари (среда), во црквата „Успение Пресвета Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение на Господ Исус Христос“, со почеток во 08:45 часот. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...Светиот маченик Трифун
Денес е празник посветен на Светиот маченик Трифун. Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен…
повеќе...Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци
Денес е празник посветен на Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци. Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир…
повеќе...Тројцата Свети архиереи
На 12 февруари се празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград. Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари: Василиј Велики на 1 јануари, Григорије Богослов на 25 јануари и Јован Златоуст на 27 јануари (сите според стариот календар по кој тогаш се сметало времето). Oвој заеднички празник…
повеќе...Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј
Главното празнување на Св. Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архиереј. Кога Свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот Светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт…
повеќе...