Светиот апостол Андреј Првоповиканиот

Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во земјите Дунавски, па во Русија и…

повеќе...

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на…

повеќе...

Светиот новомаченик Христо

Светиот новомаченик Христо Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи па одрекол. После мачење го оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неклолку заупокоени литургии. Убиен…

повеќе...

Светиот маченик Јаков Персијанец

Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да…

повеќе...

Свети Ѓорѓија (посен)

Православните верници денес го празнуваат Свети Ѓорѓија (посен). Освен како семејна слава, овој ден се слави и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец, познат како Свети Ѓорѓија, живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година). Неговите родители биле богати, доброчесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да…

повеќе...

Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон

Денес е празник посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Светиот великомаченик Пантелејмон. Свети Климент, архиепископ Охридски; Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска…

повеќе...

Верниците се упатуваат кон пештерната црква Св. Екатерина

Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Светата великомаченика Екатерина. Многу верници од Охрид и околните места денес палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа во пештерната црква Св. Екатерина, која е сместена во карпите над Св. Еразмо. За многу години! WebOhrid

повеќе...

Светата великомаченичка Екатерина и Светиот великомаченик Меркуриј

Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Екатерина и Светиот великомаченик Меркуриј. Светата великомаченичка Екатерина Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и…

повеќе...

Денес е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Денес се слави празникот посветен на Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста. Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи…

повеќе...

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

Денес е празник посветен на Светиот Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски. Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време…

повеќе...