Денес е празник посветен на Светиот апостол и евангелсит Матеј. Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка.…
повеќе...Tag: религија
Свети Јован Златоуст
Денес е празник посветен на Светиот Јован Златоуст. Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба,…
повеќе...Свети Јован Милостив
Денес е празник посветен на Светиот Јован Милостив. Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го…
повеќе...Светиот великомаченик Мина
Денес е празник посветен на Светиот великомаченик Мина. По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги…
повеќе...Преподобна Матрона Цариградска
Денес е празник посветен на Преподобна Матрона Цариградска. Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои…
повеќе...Собор на Свети Архангел Михаил
Денес се прославува светиот Архангел Михаил и останатите небесни сили. Празник познат како Собор на небесните сили. Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како…
повеќе...Света литургија за празникот Собор на Св. Архангел Михаил
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 21ви ноември (понеделник), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Собор на Св. Архангел Михаил на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои православни верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...Преподобен Лазар Галасиски
Преподобен Лазар Галасиски Над куќата во којашто е роден се јави столб од светлина. Од своето село Магнезиј отиде на поклонение на Светите места во Ерусалим и таму се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. По десет години се насели во гората Галасиска и се подвизуваше како столпник. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Царот Константин Мономах многу го уважуваше. На старост се пресели во вечноста, на крајот од 9 век.
повеќе...Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски
Денес е празник посветен на Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски. Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово. Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и однадвор украсен, изберете го Македониј“. Народот го избра Павле. Но ова не им беше право на аријанските еретици ниту на царот Констанциј, којшто во тоа време…
повеќе...Света литургија по повод празникот Собор на Св. Архангел Михаил
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21ви ноември (понеделник), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Собор на Св. Архангел Михаил на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои православни верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...