Светите маченици Кирик и Јулита

Денес е празник посветен на Светите маченици Кирик и Јулита. Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст. Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина крв беше пролеана во градот Иконија во изобилство. Јулита го зеде својот син и се засолни од гневот…

повеќе...

Свети Владимир, голем кнез руски

На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти…

повеќе...

Преподобниот маченик Никодим и Света Елена

Преподобниот маченик Никодим Родум од Елбасан. Беше женет и имаше деца. Намамен од Турците го прими исламот и насилно ги преведе своите деца во ислам, освен еден син којшто му побегна на Света Гора и се замонаши. Никодим отиде на Света Гора за да си го врати синот назад, но Света Гора на него изврши таков впечаток, што самиот се покаја, се врати во верата Христова и се замонаши. Три години го оплакуваше своето отстапништво, па најпосле реши да се врати во Албанија, да го окае својот грев таму каде…

повеќе...

Преподобен Теофил Мироточив и Светиот великомаченик Прокопиј

Преподобен Теофил Мироточив Родум од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник. Цариградскиот патријарх Нифонт му порача да отпатува во Александрија и да испита дали е вистина дека патријархот Јоаким поместил гора и испил отров без да му наштети. Кога се увери во вистинитоста на овие чуда, Теофил се врати на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во Ватопед, па во Ивер и најпосле во келијата на Свети Василиј близу Кареја. Овој свет човек ја одби понудата да го прими солунското архиепископство. Со длабоко безмолвие, богомислие…

повеќе...

Прослава со Спасен Силјаноски за празникот Св.Недела во истоимената црква во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, синоќа во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид беше организирана прослава збогатена со музика. Овој пат присутните верници од Коњско, Охрид и околните места ги забавуваше фолк пејачот Спасен Силјаноски. Денес во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. За многу години празникот! Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид,…

повеќе...

Светата великомаченичка Недела

Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Недела. Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сѐ што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен…

повеќе...

Преподобен Сисој Велики

Денес е празник посветен на Преподобен Сисој Велики. Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што…

повеќе...

Преподобен Атанасиј Атонски

Преподобен Атанасиј Атонски Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за…

повеќе...

Свети Андреј, архиепископ Критски и Света Марта

Свети Андреј, архиепископ Критски Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес – којашто учеше дека…

повеќе...

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград

Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот.…

повеќе...