Утре ќе се одржи промоција на „Избрани дела“ од Тодор Чаловски

Утре, среда, 30 јули, со почеток во 20:00 часот, во Центарот на културата „Григор Прличев“ ќе се оддржи промоција на „Избрани дела“ од истакнатиот писател, есеист и поет Тодор Чаловски.

todorcalovski

Во петте тома (поезија, критики и есеи, преводи и препеви, книжевни разговори и толкувања) се толкува и критички артикулира неговото книжевно дело, кое според бројот на прилозите и обемот на текстовите првенствено е фокусирано врз поезијата, но и на некои други жанровски домени.

На неговата творечка преокупација ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев, а избор поезија ќе читаат Пере Ристески и Валентина Кузманоска.