На 13 февруари 2014 година, околу 13:30 часот, на граничниот премин Богородица за транзит низ Република Македонија се пријави товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки управувано од унгарски државјанин. За транзитна постапка пријавени се 81.984 парчиња шампон за коса од познатата трговска марка, спакувани во 1.700 кутии, со вкупна тежина од околу 24 тони. Стоката е со потекло од Кипар, наменета за фирма увозник од Виена, Австрија. При прегледот на документите и возилото, царинските службеници забележале дека покрај несоодветниот транспорт, несоодветната рута на движење, ниската фактурна вредност, несоодветен е…
повеќе...