Завршија годинешните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга

Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга деновиве заврши со овогодинешните истражувања на подводниот археолошки локалитет „Врбник“. Цел на овие истражувања беше да се направи контролно сондажно истражување за да се добие покомплетна слика за стратиграфијата и хронологијата на локалитетот. Во слојот кој и припаѓа на железновременската палафитна населба е потврдeно богатството со наоди, повеќе фрагменти од садови, железен врв од копје и друго. Истражувањата ќе продолжат и наредната година со цел да се добијат повеќе информации за животот на оваа…

повеќе...