Богата, многу квалитетна реколта грозје и исклучителено успешен пласман на домашното вино очекува годинава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Димовски, кој денеска присуствуваше на традиционалното закројување лозови насади по повод празникот Св. Трифун во селото Курија, Неготинско, напомена дека повеќе од евидентно зголемениот квалитет на грозјето во изминативе години драстично се одрази врз пласманот на виното и неговото позиционирање на странските пазари. „Како потврда дека и оваа година ќе биде навистина успешна зборува податокот според кој целата извозна квота од Македонија за ЕУ е исполнета уште на…
повеќе...Tag: земјоделство
За добивање земјоделски субвенции неопходно исполнување конкретни услови
Добра земјоделска пракса, повисок квалитет на производите, заштита на животната средина и оптимално користење на природните ресурси ќе бидат само некои од условите за добивање земјоделски субвенции во наредниот петгодишен период. Како што рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, овие принципи дефинирани во најновата Програма 2013-2017, ќе се воведуваат постепено и најпрво ќе важат за одредени категории производители и за поголемите стопанства. „Принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса како услов за стекнување право за користење финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Програмата, ќе се воведуваат постепено, најпрво…
повеќе...Владата ќе покрива половина од трошоците за отворање бизниси во руралните средини
Стратешка определба на Владата на Република Македонија е отворањето на нови работни места и овозможување на поволни услови за отворање и развивање на бизниси, развој на претприемачкиот дух и приватната иницијатива. Исто така, сериозно внимание се обрнува на политиката на рурален развој и економско закрепнување и засилување на македонските села. Комбинирајќи ги овие две стратешки определби и во исто време остварувајќи ги целите кои се предвидени, Владата димензионираше и подготви посебна програма која нуди значајна финансиска поддршка за отворањето и развојот на приватни бизниси и вработувања во руралните средини. Програмата…
повеќе...Димовски на средба со одгледувачите на свињи
Високите цени на суровините неопходни за исхрана на животните и немањето доволни количини од сточна храна, се најголем проблем со кој се соочуваат одгледувачите на свињи во Македонија. Ова беше истакнато на денешниот работен состaнок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставници на Групацијата за свињарство и директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски. На состанокот, како што информираат од МЗШВ, се дискутирало на повеќе теми, а претставниците од Групацијата побарале да се отворат стоковите резерви со јачмен за подобрување на состојбата во свињарството.…
повеќе...