Почувствуван земјотрес во Охрид

Во 12 часот и 45 минути во Охрид беше почувствуван земјотрес чиј епицентар беше во Грција, на околу 20 километри јужно од Кожани. Земјотресот беше со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. WebOhrid

повеќе...

Слаб земјотрес почувствуван во Охрид

Слаб земјотрес беше почувствуван во Охрид во 12 часот и 6 минути. Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Валандово и Штип го регистрираа овој земјотрес чиј епицентар се наоѓа на длабочина од околу 2 километри во Националниот Парк Галичица, во близина на селото Трпејца. Интензитетот на земјотресот почувствуван во Охрид и околните населени места изнесува од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998. WebOhrid

повеќе...