Чадот влијае на климатските промени многу повеќе отколку што се сметаше

Чадот можно е да има двојно повеќе влијание врз климатските промени отколку што се сметаше, стои во извештајот од 232 страни кој се наоѓа во американското списание за геофизички истражувања.

Способноста за загревање на чадот може да претставува поголема отколку на загревањето на метанот.

Честичките на чад во атмосферата може да се резултат на согорувањето од дизел моторите, но и од шумските пожари исто така. Станува збор за честички кои негативно влијаат на човековото здравје, но и на климата, бидејќи апсорбираат сончева енергија.