Концерт на „Чалгија Саунд Систем“

По повод празникот Водици, Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, во соработка со „Чалгија Саунд Систем“ – група која ја негува македонската чалгиска музика, која е инспирирана или слична со чалгиската, утре (петок) ќе одржи концерт во големата сала, со почеток во 20 часот. Влезот чини 100 денари.