Издадена четвртата еколошка дозвола во Општина Охрид

Согласно законот за животна средина и уредбата за инсталациите кои подлежат на обврската за поседување Б-интегрирана еколошка дозвола, Општина Охрид ја издаде четвртата Б-интегрирана еколошка дозвола, односно Б-дозвола за усогласување со оперативен план за инсталацијата ГД „Гранит“ АД Скопје Организациона единица Високоградба -Охрид.

Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, во смисла на интегрирано спречување и контрола на загадувањето.