Победа за Пандев, реми за Тричковски, Јонуз и Алими поразени

Наполи успеа да забележи победа на гостувањето против Парма со резултат 1:2.  Горан Пандев беше стартер на овој натпревар, а излезе од игра во 66 минута при резултат од 0:1 за неговиот тим -Наполи.

Клуб Бриж и Гент ремизираа без голови, Иван Тричковски одигра 70 минути од овој натпревар, а доби и жолт картон.

Тимот кој го води Мирсад Јонуз, Неа Саламис изгуби од АЕЛ Лимасол со 0:1. Арменд Алими го одигра целиот натпревар за Неа Саламис.

WebOhrid