Без голови на втората пресметка меѓу БиХ и Македонија У19

Македонската репрезентација до 19 години одигра 0:0 против селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот контролен натпревар на гостувањето во Градачец. Најголемата прилика за победа на нашите младинци ја пропушти Димитар Иванов во последната минута од натпреварот. Во однос на првиот натпревар фудбалерите на селекторот Мацков одиграа многу поквалитетно без крупни грешки во одбраната кои  беа клучни за поразот пред два дена.

Македонската репрезентација настапи во состав : Шишковски, Зајков, Ристевски, Трајковиќ, Глигуровски, Бојку, Наумоски, Стоилов, Костовски, Сулејманов и Марковски. Шанса за напад добија: Имери, Иванов, Митров, Малиќи, Христов, Асани.

“Одигравме динамичен натпревар многу поквалитетна во однос на првата пресметка. Радува тоа што пристапот ни беше посериозен, успеавме да ги држиме најопасните фудбалери на Босна надвор од шанси за гол. Двата натпревари против Босна и Херцеговина ни дадоа појасна слика за нашиот состав и се надевам дека ке напредуваме во секој следен дуел.“ – изјави селекторот на репрезентацијата Алексо Мацков.