Од денес започнуваат натпреварите во маалски фудбал и баскет

Во насока на остварување на заложбите за омасовување на спорот во Охрид и подигањето на спортската свест кај младите, а истовремено тргнувајќи од стратегиските приоритети изнесени во Изборната Програма за развој на спортот во делот на спортската рекреација, овој викенд, во организација на општина Охрид, започна да се реализира проектот „Спортско лето – спорт за сите“ во кој една од целите е возобновувањето на маалскиот фудбал.

Во остварувањето на проектот се вклучени и урбаните заедници на општина Охрид, кои се екипираат во тимови.

За денеска, со почеток во 19 часот е предвидено одржување на натпреварите помеѓу жителите на урбаната заедница „Стар град“, каде се пријавени 6 екипи за маалскиот фудбал и 4 екипи за баскет.

Финалната вечер ќе биде утре (10 август) со почеток во 19 часот.

Натпреварите ќе се одржат на игралиштето кое е во склоп на општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“.

Во овој дел предвидено е создавање концепт и воспоставување систем на натпреври во таканаречениот маалски фудбал и баскет кои подоцна би се вклучиле во систем на општински, зонски, регионални и државни натпревари.