Кинеско-Германското ДУО и ги пренесе лириката и емоциите на публиката на Охридско лето

Уште еден незаборавен концерт се одржа во рамките на „Охридско лето“ а го приредија кинескиот виртуоз на виолина Нинг Фенг и германскиот пијанист Томас Хопе.

Уметникот со изразена лирика, при вечерашаната изведба и ги пренесе емоциите и на публиката во „Света Софија“ која не го криеше задоволството што еден ваков уметник им оддаде голема чест и внимание. Кинескиот Паганини во пијано придружба на германскиот пијанист Томас Хопе, изведе дела од Шуберт, Моцарт, Паганини, Глазунов, Парт и Кронголд.

 „За првпат на фестивалот, а и во Македонија настапува „Кинескиот Паганини“ кој со својата беспрекорна виртуозност, но и со изразена лирика и емотивност во својата изведба приреди несекојдневен концерт. Овој врвен уметник свири на виолина „Страдивари“ од 1721 година. Нинг Фенг кој е добитник на Првата награда на Интернационалниот натпревар „Паганини“ во 2006 година ќе настапи заедно со пијанистот од Германија Томас Хопе“ – вели музичкиот селектор на фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска.

nirg feng i hope-zaedno

Фенг соработувал со голем број оркестри, меѓу кои – Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Рускиот државен симфониски оркестар, Стразбуршката филхармонија, под диригентската палка на реномирани музичари како Иван Фишер, Владимир Јуровски и други. Покрај солистичката активност, Нинг Фенг учествува и во камерни состави. Добитник е на повеќе награди на интернационални натпревари низ целиот свет.

Германскиот пијанист Томас Хопе е пијанист-соработник кој ужива висока репутација стекната преку изведбите на концертните програми со реномираните уметници.

publika-nirng feng1