Јане Петков од Бугарија успеа да исплива над 2 километри врзан во вреќа

Јане Петков од Бугарија, уште познат како човекот–амфибија, претпладнево врзан во вреќа и без помагала, исплива од местото Горица, а целта беше кај старото пристаниште.

Во неговиот подвиг цело време беше придружуван од медицинска екипа, претставници на Црвениот крст од Охрид и претставници на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“. За околу два и пол часа тој исплива околу 2.300 метри со што ќе биде номиниран за Гинисов рекорд.

Настанот беше поддржан од Општина Охрид, Црвениот крст од Охрид и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“.

WebOhrid