Финализирани активностите од Проектот „СУСТКУЛТ“

Активностите на Општина Охрид од проектот „СУСТКУЛТ – Достигнување одржливост преку интегрирано управување со местата на културно наследство“, беа финализирани на средбата што заврши во петокот на 14 февруари. Проектот е финансиран од програмата за Југоисточна Европа на Европска Унија, а го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со уште 12 институции од Романија, Унгарија, Албанија, Грција и Словенија, а носител е градот Венеција од  Италија.

Главните активности и резултати од проектот, беа креираната и објавена ВЕБ-ГИС платформа, методологијата  за планови за управување со културно наследство, тренинг обуките за подигнување на човечките капацитети во делот на планови за управување со културно наследство како и изработката на план за управување на општина Охрид во делот на светското културно и природно наследство и изработка на Бизнис план и маркетинг стратегија за управување со локалитетот „Заливот на коските“.