Комисијата на УНЕСКО била задоволна од Плаошник, но не и од градбите на крајбрежјето

Комисијата на УНЕСКО која во текот на декември минатата година била задоволна од она што го видела на археолошкиот локалитет на Плаошник каде што се гради Свети Климентовиот универзитет.

„Ги гледаа проектите. Таму работата не е завршена. Можеби градбите делуваат како цели грамади затоа што сега на нив има само столбови и плочи, но сето тоа ќе се изѕида и ќе се вклопи во амбиентот“, – тврди директорката на Заводот и музеј Охрид Тања Паскали – Бунташеска.

Комисијата на УНЕСКО, според неа, не била во вонредна посета на Охрид, туку неа ја поканила министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа – Милевска, а стручњаците од УНЕСКО претходно биле запознаени со сите активности што се случуваат на Плаошник преку извештајот што им го испратила Управата за заштита на културното наследство напишан на 90. страници.

Освен тоа, Паскали Бунташеска вели дека експертите од УНЕСКО при нивната посета во декември минатата година имале голем број забелешки во однос на градбите на крајбрежјето од Охридското Езеро.

Извор: Супер радио