Студиски престој на средношколците од економско училиште во Хрватска

Со цел практично запознавање на учениците со работењето на успешните компании, а во корелација со наставната програма и тематските содржини по предметот Практична настава, како и предметите Бизнис, Менаџмент и Економија, во наредниот период ќе се реализира научно-едукативна посета на Р.Хрватска, конкретно на реномираните европски и светски компании – КРАШ од Загреб и ВИНДИЈА од Вараждин, Р.Хрватска. Компанијата КРАШ произведува кондиторски производи (познатите чоколади, вафли и др.), а компанијата ВИНДИЈА млечни производи.

Оваа посета се организира под менторство на Горан Попоски, професор по економска група на предмети, и со огромна поддршка на в.д. директорката Вера Јовческа. Ваквите проекти кои овозможуваат практично запознавање на учениците со бизнисот и менаџирањето, секогаш се поддржани од Локалната самоуправа.

Оваа посета на Р.Хрватска, градовите Загреб и Вараждин ќе биде искористена и за посета и разгледување на културно-историските споменици од поблиското и подалечно културно-историско наследство на Хрватска, како и природни богатства – предели и реткости, особености на стопанството, уникатни културни настани карактеристични за градовите – општините. 

Ваквите студиски престои учениците дополнително ги подготвуваат да бидат што поконкурентни на идниот пазар на труд.