Македонските ракометни репрезентативци го посетија ОУ „Христо Узунов“

Македонските ракометни репрезентативци вчера го посетија ОУ „Христо Узунов“. Основнците од ова училиште кои беа во голем број, воодушевени од нив, додека ракометарите со коментар дека не очекувале ваков прекрасен пречек.

„Па пријатно искуство, не очекувавме ваква посетеност од деца и ваков пречек, благодарност до целото раководство на школото. Нас ни е мило што сме тука, се надевам дека и во друга прилика би прифатиле да ги угостиме дечињава со наша посета.“– изјави македонскиот ракометар, Златко Мојсовски.

Македонскиот ракометар Гоце Ојлески пак рече дека се надева, дека овие дечиња ќе се занимаваат со спорт и ќе ги наследат.

„Чувството е навистина прекрасно, со еден ваков пречек со многу дечиња, сакаат автограми, да се сликаат. Се надевам дека и голем број од овие дечиња ќе не наследат, ние ќе им сме како една школа, за понатака да играат, да се занимаваат со спорт, нормално да не заменат во ракометот. Тука има прекрасни услови за подготовки, прекрасни услови за работа, одлична сала, воздухот чист, одлично е.“- рече Ојлески.

На крај македонските репрезентативци со порака  младите  да се занимаваат со спорт, дека не мора само ракометари, туку можат да бидат и фудбалери, кошаркари.

Ангелче Андриоски