Во април немало промени во цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2014 година, во споредба со март 2014 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, остана на исто ниво.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.1%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.2%.