ВМРО-НП предлага план за брзо раздолжување на локалните власти кои би биле помогнати директно од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид

ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:

„Предлагаме ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид како најбогата партија во градот, со баснословно скап имот да пристапи кон продажба на истиот или доколку не се сака да се губи време, предлагаме партијата веднаш да ги стави новите простории во центарот на Охрид како залог и гаранција за долговите за електрична енергија на ОУ „Григор Прличев“ или СРЦ „Билјанини Извори“.

Богатството на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид е проценето на околу 300 000 евра, средства кои се доволни да се решат овие два горливи проблеми, и дечињата од Охрид да можат нормално да одат на настава.

Бидејќи се работи за баснословно скап имот, јасно е дека ќе има средства и за донирање за канализацијата во Лескоец, за која не е јасно зошто е прекината нејзината градба, но со парите од прескапиот имот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид сигурно ќе може да се продолжи градбата на канализацијата во Лескоец.“- стои во соопштението.