Вечерва Сеноќно бдение во црквата „Св.Богородица“-Каменско

Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека вечерва (31 декември) ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети маченик Бонифациј и свети Григориј епископ Омиритски“, со почеток во 23:00 часот.

По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.