Средношколците од охридската гимназија со бројни успеси на државни натпревари

На државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 14-ти март, во основното училиште „Коле Неделковски“ – Скопје, ученичката Тијана Костовска од клас II-5 го освои третото место. Ментор на ученичката е проф. Ирена Ѓурчиноска Талевска.

На 58-от Државен натпревар по математика кој се одржа ито така на 14-ти март во Скопје, Виктор Домазетоски ученик од IV година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид го освои третото место, а 5 други ученици добија пофалници. Според постигнатите резултати Виктор Домазетоски и Теодора Бујароска се пласираа на Математичката олимпијада која ќе се одржи на 4-ти април годинава.