Златен медал за ученичката Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“ на математичка олимпијада

На ден 03.06.2017 во просториите на Машински факултет – Скопје се одржа Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) на која учествуваа најдобрите 60 ученици до 15,5 години од нашата држава (од VII, VIII, IX одд.основно и I год. средно). Ученичката Христина Митреска (IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“ освои златен медал, ментор Виолета Китеска. Според постигањата на сите претходни натпревари по математика за основното образование како и олимпијадите од меѓународен карактер за основно и средно образование, кои се одржаа на територијата на Република Македонија во текот на оваа учебна година ученичката…

повеќе...

Успеси на основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по математика

На Државниот натпревар по математика кој се одржа на 6.5.2017 ученици од ОУ „Григор Прличев“ Охрид ги освоија следните резултати: Емилија Николовска VI одд I награда ментор: Марика Бубеска Ева Китрозоска VII одд III награда метор: Анита Николоска Ана Димоска IX одд II награда ментор: Лилјана Фанкоска

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ со одлични резултати на регионалниот натпревар по математика

Регионалниот натпревар по математика кој е во соработка со Сојузот на математичари на Македонија и Здружението на математичари – Охрид од регионот Охрид и Дебрца се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Домаќин на натпреварот беше основното училиште „Ванчо Николески“ – Лескоец каде се прегледуваа задачите и се објавија првичните неофицијални резултати. На натпреварот учествуваа претставници и екипи од IV – IX одделение од 9 училишта. Учениците од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид постигнаа одлични резултати: Ученик Одделение Ментор Награда   Христина Митреска                IX Виолета Китеска I…

повеќе...

Успех на основците од „Христо Узунов“ на Регионалниот натпревар по математика и физика

На 4ти март годинава, ОУ „Христо Узунов“-Охрид со 6 ученика под менторство на наставниците Виолета Китеска-математика и Вера Зороска-физика, учествуваше на Регионалниот натпревар по математика и физика, во организација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Ученикот Савески Виктор освои трето место во натпреварувачкиот дел по физика, Христина Митреска беше четврта во вкупниот пласман, односно освои 50% партиципација за школување во училиштето „Јахја Кемал“, додека пак Ивана Ванкоска и Анастасија Мојсовска се стекнаа со можност за запишување во истото без полагање на приемен испит. „За пофалба е и тоа што истите…

повеќе...

Одлични резултати на основците од „Григор Прличев“ на натпреварите по математика и физика

На 4.3.2017 во ПСУ „Јахја Кемал“ по осми пат се одржа натпревар по математика и физика на кој учествуваа ученици од „Григор Прличев“ и постигнаа одлични резултати. Ученичката Ана Димоска, IX одделение го освои второто место со што доби стипендија за запишување во ПСУ „Јахја Кемал“, додека учениците: Анастасија Маленкова, Огнен Секулоски, Стефан Каланоски, Радица Јанкулоска, Марино Јакимоски, Франческа В. Маркулеска, Мила Коруновска и Никола Здравески се меѓу првите 25 на листа со што имаат право да се запишат во училиштето без да полагаат приемен испит. Ментори на учениците се:…

повеќе...

Успех на основците од „Григор Прличев“ на Општинските натпревари по математика и физика

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ постигнаа одлични резултати на Општинските натпревари по математика и физика. На општинскиот натпревар по физика кој се одржа на 18.02.2017 година, основиците под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска, обезбедија пласман на Регионалниот натпревар и ги освоија следните награди: Ана Димоска IX –I награда Јана Петреска VIII –I награда Петар Мишов VIII –I награда Стефан Каланоски IX -II награда На Општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 25.02.2017 г. учениците од ОУ „Григор Прличев“ ги освоија следните награди: Бисера Вранишкоска IV – I награда…

повеќе...

Основците од „Христо Узунов“ со одлични резултати на општинскиот натпревар по математика

На општинскиот натпревар по математика, кој е во соработка со Сојузот на математичари на Македонија и Здружението на математичари – Охрид одржан во ОУ„Ванчо Николески“- Лескоец, учествуваа 128 ученици од IV – IX одделение, од сите основни училишта во Охрид. Учениците од ОУ„Христо Узунов“-Охрид постигнаа одлични резултати: Ученик Одделение Ментор Награда Христина Митреска IX Виолета Китеска I (100 поени) Драгана Усовиќ VIII Слаѓана Митреска I Ивана Пројческа VIII Слаѓана Митреска II Дамјан Вељаноски VIII Слаѓана Митреска III Сања Јовеска VII Ирена Бачева I Елена Андрееска VII Ирена Бачева II Филип…

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец – домаќин на општинскиот натпревар по математика 2016/17

Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец денес беше домаќин на 4-иот општински натпревар по математика за основно образование, организиран од страна на домаќините на натпреварот ОУ „Ванчо Николески“ и наставничките по математика Цвета Андреска и Весна Симоноска и Здружението на математичари – Охрид и претседателот на здружението Борис Лушески, во соработка со Сојузот на математичари на Македонија. На општинскиот натпревар по математика учествуваа 128 ученици од сите основни училишта во Охрид од IV – IX одделение, а најдобрите од нив ќе учествуваат и на претстојниот регионален натпревар што ќе се одржи…

повеќе...

Голем успех на основците од ,,Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика

Денес во просториите на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа IV Oпштински натпревар по математика 2016/2017 година. Помеѓу другите, учениците од ОУ„Живко Чинго“, Велгошти на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати. Ова се наградените ученици: 1. Стефанија Речкоска IV одделение Meнтор: Љубица Ангелоска Кркачоска II место 2. Ангела Китрозоска IV одделение Meнтор Љубица Ангелоска Кркачоска III место 3. Марио Велкоски IV одделение Meнтор Елена Јорданов III место 4. Софија Балоска IV одделение Meнтор Елена Јорданов пофалница 5. Маја Буџакоска V одделение Meнтор…

повеќе...

Трето место за основка од „Христо Узунов“ на Републичкиот натпревар на Млади техничари и природници

На 53-от Републичкиот натпревар на Млади техничари и природници што се одржа на 9ти април во Куманиво, ученичката Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“ го освои третото место во областа Применета математика. Наградата ја доби врз основа на изработка и одбрана на проект на тема: „Пресметување на плоштина на многуаголници според Пикова теорема“.

повеќе...