Македонија 1:2 Белорусија

Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра петтиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016 кое ќе се игра во Франција. Во рамките од Групата Ц, Македонија претрпе пораз со резултат 1:2 од Белорусија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Најпрво резултатот во 9-та минута го отвори Александар Трајковски, за водство на Македонија од 1:0. Но, набрзо по постигнатиот гол играта спласна, а играчите на Белорусија изгледаа сосема незаинтересирано се до 44 минута кога успеаа да изедначат на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Второто полувреме започна со шанси на обете страни, најпрво Белорусија, а потоа и нашата репрезентација имаа зрели шанси за водство. Гостите доминираа во текот на вториот дел, а одличните одбрани на Пачовски сеуште не држеа во игра, но само до 81 минута, кога нашата одбрана помалку наивно дозволи противникот да дојде очи в очи со Пачовски, кој и покрај тоа што успеа да го одбрани првиот удар, не можеше да ја скроти и одбиената топка која заврши во нашата мрежа. По водството, Белорусија не престана да напаѓа. Свои шанси имаа и нашите репрезентативци, но на крајот, Белорусија беше репрезентацијта која се покажа во вистинско светло и сосема заслужено дојде до победа. 

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid