ВМРО-НП: Дали имало пазар меѓу двете најголеми партии?

ОК на ВМРО-НП Охрид, испрати соопштение, во кое стои:

„ВМРО – Народна партија, но и граѓаните на Охрид се разочарани од содржината на бомбата на СДСМ вчера во Охрид. Иако беа многу поголеми, особено по изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека Бакрачески не ќе може да се додржи на градоначалничката функција откако ќе слушне како стигнал до неа, сепак очекувањата не се остварија.

Додека во другите градови каде што СДСМ одржуваше прес–конференции со локални теми имаше функционери од градовите, од Охрид не слушнавме никого. ВМРО – Народна партија се прашува дали општинската организација на СДСМ ги штити локалните моќници на ДПМНЕ или па тие се сосема „чисти“. Времето ќе покаже дали и каков пазар имало меѓу двете најголеми партии.

СДСМ не ги исполни очекувањата на граѓаните околу долгонајавуваната бомба. Со ваков однос, СДСМ може да биде само соучесник во сомнителните работи на власта, а нема целосно да го разобличи режимот.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија Охрид.