Во рамки на својата програма Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности „ЦКА-ПХВ“, Црвен крст Охрид организира голема детска хуманитарна забава која под мотото „Подај раче за другарче“.
Настанот ќе се одржи утре сабота, 18-ти април во повеќе градски игротеки. Младинците од Клубот на млади на Црвен крст Охрид ги покануваат родителите да ги донесат своите деца да учествуваат на хуманитарната забава, каде преку игра ќе помогнат да се обезбедат средства за помош на седумгодишно девојче без родители од Охрид.
„Почитувани родители и Драги дечиња, изберете хуманост и во сабота, со игра и забава ПОДАДЕТЕ РАЧЕ ЗА ДРУГАРЧЕ во игротеките:
- Игротека Тамаро (булевар „Туристичка“, над маркетот „Супер Тамаро“) 10:00-12:00 часот
- Игротека Смајли (Партизанска 38) 13:00-15:00 часот
- Игротека Мадагаскар (Јане Сандански бб) 13:00-15:00 часот
- Игротека Хепи ленд (бул.Туристичка 47-а) 15:00-17:00 часот“– велат од клубот на млади на Црвен крст Охрид.
Влезот чини 50 денари.