Одржан третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје

Викендов на стрелиштето во Штип се одржа третиот по ред Куп во гаѓање со водзушно оружје-национална проограма на кој учествуваа 30-тина пионери од повеќе клубови од Кавадарци, Прилеп, Охрид, Битола и Скопје.

Еве го пласманот на охриѓани:

Поединечна конкуренција-пионерки

-Симеона Милеска второ место со резултат од 160 кругови

-Трето место за Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 156 кругови (подобра втора серија)

-Четвро место за Стефани Ефтимовска истотака со резултат од 156 кругови, но послаба втора серија.

На петтата позиција се пласира Луана Попоски до ЖСК ,,Лихнидос,, повторно со идентичен резулттат од 156 кругови, но послаба втора серија. На шестата позиција се пласира Мартина Кочоска со реузлтат од 155 кругови

Поединечна конкуренција-пионери

Единствениот пионер Петрит Аголи од Стрелачки клуб Охрид, овојпат мораше да се задоволи со трето место, со резултат од 152 кругови, за три помалку од второпласираниот, односно за 4 круга помалку од првопласираниот.