Кабловска телевизија од Дебар заработи кривична пријава

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект-Кабловска телевизија “CABLECALL“ Дебар како и против управителот А.Т.(40) од Дебар.

Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите на фирмата лоцирана на улицата „100“б.б. во Дебар, констатирано е дека во текот на 2014 година, на два компјутери инсталирале, употребиле и користеле туѓ софтвер Windows ХР заштитен со патент од фирмата Microsoft. Со тоа, пријавените фирмата ја оштетил во износ од 21000,оо денари и противправно стекнале иста парична имотна корист.

Тоа го направиле со нецелосно почитување на законските прописи во организирање и спроведување на деловниот потфат, со пропуштање и неизвршување на деловните обврски и неовластено-незаконско користење за комерцијална цел.

Доколку се користи лиценциран софтвер на Microsoft, треба да се поседува оригинал ДВД на кое е назначено за кој оперативен систем се однесува, да се поседува налепница која се става на надворешниот дел од куќиштето на компјутерот на која е назначено кој оперативен систем се користи како и неговиот број. Тие податоци треба да се совпаѓаат со податоците од налепницата и оригиналниот ДВД.

Пријавените требало да поседуваат и набавна фактура за софтверот каде е наведено кој оперативен систем се користи и со кој број. За двата компјутери, тие не ги поседувале наведените т.е потребните ДВД, налепници и фактури за оперативниот систем Windows XP кој беше инсталиран и го користеше на компјутерите.