Активности на ЈП „Нискоградба“ на ул. „Питу Гули“

ЈП „Нискоградба“ Охрид во рамки на своите активности денес работи на изведба на сливници и премини за одведување на атмосферска вода по целата должина на улицата „Питу Гули’’.

„Со овој потег се решава собирањето и одведување на атмосферските води кои до сега се мешаа со канализацијата и претставуваа дополнително оптоварување на мрежата за одведување на отпадни води и колекторскиот систем.“– информираат од претпријатието.